Натпреварот во Струмица помеѓу Беласица и Маџари не го доживеа својот крај. Како што пренесува дневниот спортски весник „Македонски Спорт“, фудбалерите на Маџари биле нападнати во пот трибинскиот простор на патот кон соблекувалната. Најдебелиот крај го извлекол тренерот Раде Каранфилоски. Откако успеале да влезат во соблекувалната гостите не се одлучиле да го продолжат натпреварот.
На останатите терени каде се тркалаше буба марата, гостите забележаа подобри резултати. Охриѓани ги фатија на спиење гевгеличани и стигнаа до првата гостинска победа. Само за потсетување минатата сезона охриѓани само два пати славеа на гостувањата.
Уште еден повратник во Втората лига на домашен терен стартуваше со пораз. Екипата на Новаци беше поразена од Скопје. Со големи три бода од гостувањето во Карпош се врати Брегалница совладувајќи ја Локомотива.
Предноста од домашен терен ја искористија Цементарница совладувајќи го Миравци 3-2, односно Дрита – Н. Милениум 3-1. Без победник заврши мешот помеѓу Тетекс – Вардар 1-1, додека единствениот натпревар без голови го одиграа Слогај и Шкеднија.
Листата на стрелци со два погодоци ја предводи Илиев од Брегалница.
Наредно коло
Брегалница – Миравци
Н. Милениум – Цементарница
Охрид – Дрита
Вардар – Кожуф
Шкендија – Тетекс
Скопје – Слога
Маџари – Новаци
Локомотива – Беласица