Фирмата „Милениум тим“ започна со истражни работи на проектот – чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Република Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи на реализација на проектот, а во текот на истражното работење нема да биде причинета штета на сопствениците на парцелите соопшти Југпрес.
Планот е да се изгради гасовод за јужна Србија, од Дољевац до македонската граница, кој ќе биде долг 146 километри и кој ќе обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Поморавље во Србија.
OhridNews
фото. МИА