Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак.
Тој истакна дека и во оваа рунда преговори Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции.
Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија ќе се фокусира на постигнување прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина, изјави еден од украинските преговарачи Михаило Подољак, пренесоа британските медиуми.
Украинската позиција останува непроменета во инсистирањето на прекин на огнот пред да се случат разговори за идните односи, рече тој во објавата на социјалните мрежи и видеото што го придружуваше.
Преговори. 4-ти круг. За мир, прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции. Тешка дискусија, напиша Подољак, додавајќи дека верува оти Русија „се уште е во заблуда дека 19-дневното насилство врз украинските мирни градови е правилна стратегија“.
OhridNews