Во Струга почна акцијата за заловување и хуман третман на кучиња скитници. Како што информираат од општинската прес-служба, заловувањето ќе го врши ветеринарна амбуланта од Кичево, која согласно законскиот рок, од најмногу 30 дена има обврска да ги третира и врати кучињата.

За таа намена, согласно одлуката на Советот на Општина Струга, предвидени се 600 000 денари и акцијата ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства.

Општина Струга и минатата година реализираше акција за заловување и хуман третман на кучињата скитници, кога биле заловени 35 кучиња.

OhridNews