По тој повод во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, делегации на органите и основните организации од Охрид и Дебрца,на Главниот одбор на СБМ предводена од потпретседателот Петар Карајанов, на општина Дебрца,на АРМ и ЗГ и други асоцијации од подрачјето ги посетија историските места Сливово и Белчишта.
На собирот по повод 67-годишнината од историскиот настан, што се одржа во Сливово пред голем број присутни и месно население говореше членот на ГО од охридската организација Крсте Крстаноски и беше изведен поетски рецитал под наслов „Мајка“, а на споменикот делегациите положија букети свежо цвеќе.
Карванот, кој наликуваше на историски час од Сливово продолжи во Белчишта каде беше оддадена почит и пред споменикот на Трајче Дојчиноски и паднатите борци, на самиот плоштад во центарот на селото , а престојот го продолжи со посета на постојаната поставка на ликовни дела на ИУК ,,Дебрца,, каде со нејзината културна мисија во препородот на општината ги запозна еден од нејзините основоположници ликовниот уметник Ѓоко Целески. Неодминлив беше и традиционалниот прием кај градоначалникот на општина Дебрца и заветот за поголема средба догодина во почит на слободарските традиции -информираат од Општинската организација на Сојузот на борците и продолжувачи на традицијата.