Од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19 и регистриран еден нов позитивен случај во Струга, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Станува збор за пациент над 60 години кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Лицето било вакцинирано против КОВИД-19 со 2 дози на вакцина (последна доза пред повеќе од 3 години). Регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата недела, велат од ИЈЗ.
Во текот на минатата недела (20-26.01.2025), регистрирани се 3 оздравени лица.
Тестирани се вкупно 341 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, за 20,5% повеќе во однос на минатата недела.
Н.С.Ј.