46-годишниот притвореник од Ресен, кој вчера почина во Истражниот затвор во Скопје, од срцев удар, за што извести OhridNews, бил позитивен на коронавирус Ковид 19, информираше денеска на пресконференција министерот за здравство Венко Филипче. Коронавирусот кај него бил дијагностициран после смртта.
Министерот за здравство истакна дека се преземени соодветни мерки во случајот, со оглед дена притвореникот не бил сам во затворската соба.
Одговарајќи на новинарско прашање, зошто инфекцијата кај одредени лица застанува фатално иако немаат сериозни симптоми, министсрот Филипче рече дека коронавирусот Ковид 19 не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи и дека е исклучително смртоносен.
OhridNews