100 годишната Агнес Алисон од Шкотска починала минатата среда во 00:10 часот односно само 10 минути откако наполнала 100 години, а за неколку часа не ја дочекала забавата која планирале да и ја приредат нејзините најблиски.

Алисон забавата за својот 100ти роденден ја планирала повеќе од 10 години, а членови на нејзиното семејсто кажуваат дека таа ја остварила својата најголема желба т.е ја дочекала 100тата година од својот живот.
Беше неверојатна жена која во осумдесетите години од својот живот играше тенис, а возеше автомобил до нејзината 95та година. Сигурен сум дека нејзината желба се оствари, а ние ќе ја организираме забавата без разлика на се бидејќи знаеме дека таа тоа би го сакала” изјави нејзиниот внук.