Претставници на венецуелските власти изминатите денови изјавуваат дека иако е во болница Чавес се уште управува со земјата. Заменик-премиерот Николас Мадуро во вторникот истакна во телевизиско обраќање дека независно од проблемите со белите дробови Чавес „дава укази во писмена форма и со помош на други средства и оти работи за својот народ“.
Според Мадуро, Чавес, кој до неодамна беше лекуван во Хавана од рак, е подложен на мошне тешки дополнителни зафати, но додаде дека „претседател знае дека до него има луѓе подготвени во секој момент да ги исполнат неговите наредби“.
Мадуро истакнал дека биле одржани три работни состаноци со вкупно траење од пет часа. Чавес, според Мадуро бил енергичен и многу среќен што повторно е во својот град, Каракас.
Чавес три пати се лекуваше од рак во Куба, а подолго време не се појави во јавноста. Тој неодамна се врати од Куба, кога беше соопштено дека има проблеми со дишењето. Преку својот профил на социјалните мрежи Чавес напиша дека е среќен што се вратил во својата земја. Опозицијата подолго време бара да се соопшти вистинската здравствена состојба на Чавес.
извор: Телма