Вчера 56 годишен жител на Требеништа, во истоименото село се качил на бандера со цел да замени прегорена улична светилка, при што паднал на земја.

Од страна на екипа од ИМП бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде била констатирана смрт.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews