Втор ден по ред здравствените власти регистрираат висок број на починати лица од Ковид 19. По вчерашните 9, денеска битката со коронавирусот ја изгубија уште 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).
Во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 од кои 2 во Охрид, 3 во Струга, 33 во Скопје, 17 во Куманово…
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти, 4 од Охрид и 2 од Струга.
Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088, бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870.
OhridNews