Уште два смртни случаи се регистрирани во земјава, откако вечерва беше соопштено дека двајца кумановци ја загубиле битката со коронавирусот Ковид 19. Информацијата за медиумите ја потврди градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Едниот заболен бил хоспитализиран на Инфективната клиника една недела каде починал, а другиот е полицаец, чиј тест вчера бил потврден за позитивен. Денеска неговата здравствена состојба сериозно се влошила по што тој починал.

Претходно министерот за здравство Филипче информираше за уште три смртни случаи, со што вкупниот број на починати во земјата од Ковид 19, заклучно со денешниот ден, се искачи на 23.

OhridNews