Американската актерка и пејачка Чармијан Кар, ѕвездата од филмот „Мои песни, мои сништа“, почина во неделата на 73-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес, јавува „Макфакс“.

Акетрката починала од компликации предизвикани од редок вид на болеста деменција.

Кар ја стекна славата во текот на шеесеттите години на минатиот век, по изведувањето на песната “Sixteen Going on Seventeen”, а најголема популарнст и донесе улогата на Лисл, најстарата ќерка во филмот „Мои песни, мои сништа“, во тоа време еден од најголемите светски хитови.

Напиша две книги „Засекoгаш Лисл“, во која ги раскажа деталите околу снимањето на филмот, и книгата „Писма за Лисл“.

Со глумење не се занимаваше долго, а откако одлучи да ја напушти актерската индустрија, успешно водеше студио за дизајн за ентериери во Лос Анџелес.

Родена е во 1942 година во Чикаго. Потекнува од уметничко семејство, нејзината мајка исто така била актерка, а татко и музичар и водач на оркестар.

OhridNews
извор: „Макфакс“