Грета Фридман, жената во бело која на фотографијата што го симболизира крајот на Втората светска војна (ВСВ) ја бакнува млад морнар на њујоршки Тајмс Сквер, починала во 92 година од животот, објавија во саботата американските медиуми, пренесува „Макфакс“
Нејзиниот син Џошуа Фридман изјави дека починала во четвртокот во Ричмонд во сојузната држава Вирџинија, по здравствени компликации, меѓу кои било и воспаление на белите дробови, пренесува NBC News.
Грета Цимер Фридман на денот кога е снимена фотографијата имала 21 година и била во униформа на медицинска сестра, бидејќи работела како забарска асистентка.
Фотографот Алфред Ејзенштад ги снимил во моментот ја банува морнарот Џорџ Мендоза, кога Американците дознале за јапонската капитуалција на 14-ти август 1945 година, и така ја направи една од најпознатите фотографии на XX век.
Џошуа Фридман вели дека неговата мајка потсетувајќи се на фотографијата велеле дека сето тоа се случило во само еден миг. Таа е биде погребана на Националните гробишта во Арлингтон, до нејзиниот покоен сопруг д-р Миша Фридман.
OhridNews