Информацијата дека почина претседателот на Венецуела Хуго Чавез, вечерва е потврдена. Како што објави CNN, смртта за 58-годишниот претседател на оваа земја, ја потврдил заменик-претседателот Никола Мудри во телевизиското обраќање кон нацијата.

Како што изјавил Мудри  на вондредниот состанок на државниот врв на Венецуела, најверојатно претседателот е отруен, а земјата е под обид за саботажа.

Инаку, Чавез подолго време боледуваше од рак, а беше подлежен на операции и медицински третман во Куба. Овој претседател беше сојзник со режимите на Иран и Белорусија, а  беше познат по своите анти – американски ставови. Венецуела со лидерот Чавез, ја призна земјава под уставното име.

OhridNews