Пејачката на народна музика Уснија Реџепова почина во Белград 73-та година од животот, после долга борба со ракот на бели дробови. Таа е родена во Скопје, на 8 август 1943 година, а се прослави пеејќи врањански песни, а 25 години на сцената на Народниот театар во Белград ја играше Коштана.

Ќе остане запомнета по хитовите „Казуј крчмо џеримо“, „Због тебе мори Лено“, „Од Ниша до Врања“ и многу други.

Реџепова ќе биде погребана во родното Скопје, а за неколку дена ќе биде одржана комеморација во Белград.

OhridNews

извор Утрински весник