Според информациите на Ургентниот центар во Белград, масовниот убиец од српското село Велика Иванча во областа Шумадија, Љубиша Богдановиќ, кој во вторникот во мугрите со пиштол уби 13 луѓе, починал во денес околу 14 часот.

Шеесетгодишниот Љубиша Богдановиќ по масакрот што го изврши се застрела во главата и минатите два дена беше во кома, а неговата состојба откако беше примен во белградскиот Ургентен центар, беше критична.

Поради сериозните повреди лекарите мораа да го оперираат, по што бил  приклучен на апарати и примал медикаменти.

Во Велика Иванча кај Младеновац, шеесетина километри јужно од Белград, Богдановиќ утрото на 9-ти април го уби својот син, мајката и уште 11 лица, пет мажи , шест жени и едно двегодишно момченце, а тешко ја рани својата сопруга по што си пукаше во главата.