Денес, 16 септември, на 77-годишна возраст, почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ. Ова го соопшти претседателот на клубот Раднички, Горан Калиниќ.
Денес во 6.50 часот Душан почина во болница во Белград, го цитира Калиниќ „Спорт клуб“.
Ивковиќ работеше со клубови од Србија, Грција, Русија и Турција, а исто така ја водеше репрезентацијата на Југославија од 1988 до 1995 година. Заедно со репрезентацијата, трипати го освои Европското првенство и еднаш го освои Светското првенство.
Има освоено два трофеја во елитната Евролига.
OhridNews