На на 63 годишна возраст, денеска почина истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов.
Поп Симонов, во својата богата и плодна кариера соработуваше со бројни изведувачи од земјава и регионот меѓу кои Тоше Проески, Дарио, аков Дренковски, Верица Пандиловска, Бени и Нон Стоп, „Фрајле“, Алка Вуица и други.
Беше член на групата „Пост Скриптум“, од која подоцна произлезе култниот бенд „Бастион“, каде свирел гитара заедно со Кирил Џајковски. Работеше и на филмска музика и беше дел од музичката екипа на „Пред дождот“ (1994) кој беше македонски кандидат за Оскар.
Тоше Поп-Симонов ќе биде погребан во вторник, 22 април на градските гробишта во Бутел во Скопје во 11:30 часот.
OhridNews
Фото: МИА