По кратко боледување, вчера почина познатиот текстописец Јован Павловски.

Тој е автор на многу фолк хитови како и на песната “Бисер Балкански” на композиторот Хилми Билбил, а во изведба на Гоце Николовски. Роден во  1943 година во охридското село Арбиново.

Јован Павловски ќе биде погребан во понеделник на Градските гробишта Бутел.

OhridNews