Петар Краљ, доајен на српското актерство, почина во 70-та година од животот по долго и тешко боледување, јавуваат српските медиуми, пренесува „Макфакс“.

Краљ зад себе остави над 200 улоги, а на театарската сцена се појавил над 3.000 пати.

Здравствената состојба на Краљ беше влошена во последните неколку месеци, поради што на неколку наврати беше и хоспитализиран.

Роден е во Загреб, во 1941 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Бил член на Атеље 221 до 1979 година, кога станал слободен уметник.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата за животно дело „Павле Вуисиќ“.

OhridNews
извор: „Макфакс“