По долга борба со тешката болест, утрово на 73- годишна возраст во Белград почина познатиот српски актер, Драган Николиќ.

Доајенот на српското глумиште, роден е во 1943 година, во Белград, а по основното училиште се запишал во гимназија, која не ја завршил бидејќи се преместил во економско училиште. Потоа се запишува на Академијата за театар и како седумнаесетгодишник е најмлад студент. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Филмската кариера ја започнува во 1964 година со улогата во филмот „Вистинска состојба на работите“. Играл во повеќе од триесет филмови  меѓи кои во „Хороскоп“, „Балкан експрес“, Ветената земја“, „Послендиот круг во Монца“ и други.

Најголема популарност му носи ликот на Прле од филмовите и серијата „Отпишани“, и „Враќање на отпишаните“, а се истакна во шоу програмата „Образ до образ“, заедно со сопругата Милена Дравиќ.

Во 2000 година ја добил наградата „Павле Вуисиќ“ , која се доделаува за животно дело. Од септември 2011 година до 2013 година беше водител на квизот „Мултимилионер“ на ТВ Пинк.

OhridNews
извор Макфакс