Актерката Мира Ступица починала на 93-годишна возраст како последица на тежок мозочен удар, објавија српските медиуми. Според истите извори, таа била оперирана но не успеала да се оправи. Ступица два дена претходно во кругот на семејството го прославила 93-от роденден.
Мира Ступица остави длабока трага во драмската уметност, во театарот и на филмското платно. Во кариерата ги добивала најпрестижните актерски признанија, а е прогласена и за актерка на 20-от век. Играла на сцените во Шабац и во Ниш, преку Народниот театар и Југословенскиот драмски театар, па се до театрите во Париз и Москва. Зад себе ја остави и автобиографската книга „Дланка сол“.
Во јавноста последен пат се појавила во април минатата година на денот на Југословенскиот драмски театар.
OhridNews
извор Макфакс