Пеачот Џејмс Браун (James Brown), познат како „Татко на Соулот“, почина утринава на возраст од 73 години, изјави неговиот агент.

Тој бил примен во болницата во Атланта (САД) да биде лечен од пневмонија, но починал од засега непознати причини. Извонредниот Браун беше познат по хитовите „I feel good“ и „Living in America”, а добитник е на Наградата за животно дело на Grammy доделувањата во 1992.


Браун, кој бил роден во 1933 година, во раната младост имал проблеми со законот, па после едно апсење и извесно време поминато в затвор, се прилклучил кон една Госпел група. Во својот опус има преку 800 песни, но само “Living in America” од саундтракот на Роки 4 се пласирала во топ 10 на американската листа.

Браун беше опериран од рак од простата во 2004  е познат и по изјавата „мора да се држиме до она што го правиме“.

извор:
BBC news