По кратко боледување синоќа во Скопје, почина Веби Велија (61), сопственик на балканската бизнис корпорација „ВЕВЕ“  и на телевизискиот синџир „Алсат“ кој се емитува во Македонија, Албанија и на Косово.

Својот бизнис Веби Велија го започнал уште во седумдесеттите години на минатиот век во Загреб, Хрватска, а потоа во осумдесеттите и во Виена. На почетокот од деведесетите години Велија ја основа ВЕВЕ Групацијата, која важи за една од најголемите компании за привлекување на странски инвестиции на Балканот.

Погребот на Веби Велија ќе се изврши денеска, во неговото родно село Градец, Гостиварско.По повод смртта на Веби Велија, во понеделник во просториите на стопанската комора на Македонија ќе се одржи Комеморативна седница.

Ohridnews