Мелинда Роуз Вудвард, сопругата на Том Џонс, која со музичарот мина во брак 59 години, почина во 76. година од животот. во соопштението на семејеството се наведува дека Мелинда умре во болница во Лос Анџелес, после кратка и тешка борба со рак. Инаку, Џонс и Видвард беа во брак 59 години, а во својата автобиографија, пејачот опишал дека се вљубил во сопругата кога двајцата имале 12 години. Почнале да се забавуаат на 15 години, а се венчале во 1957 година, недолго откако обајцата наполниле 16 години.

 

Осум години после тоа, Џонс стана светски познат музичар кога се прослави со хит песната “It’s Not Unusual”. Меѓутоа, нивниот долг брак не бил без проблеми, а пејачот призна дека неколку пати ја изневерил сопругата. Рече дека пред крајот на животот неговата сопруга го изгуби сјајот и патела од депресија и агорафобија, поради што ретко излегувала од нивната куќа во Беверли Хилс. Имаа еден син, Марк, кој е менаџер на пејачот.