Познатиот словенечки филмски и театарски глумец Ратко Полич почина вчера на 81-годишна возраст, соопшти Здружението на драмски уметници на Словенија.

Полич глумеше во повеќе од 100 театарски претстави и исто толку филмски и радиоостварувања, потврдувајќи се како харизматичен актер. Роден е 1942 година, во градот Чрномељ, а професионалната кариера ја почна во 1965 година во Студентскиот театар.

Тој се појави во речиси 60 долгометражни филмови, над 50 ТВ-драми и серии, како и во повеќе од 100 радио претстави.

Во 1976 година ја доби Златната арена на Филмскиот фестивал во Пула, Хрватска, за најдобра машка улога во филмот „Идеалист“, како и одличјето на Меѓународниот фестивал во Москва, Русија, за истата категорија.

OhridNews
Фото: Принтскин Јутјуб