По долго и тешко боледување, во 86 година од животот, денеска, почина прославениот полски композитор и диригент Кшиштоф Пендерецки.

Светски познатиот музички уметник Пендерецки е четирикратен добитник на наградата „Греми“, Автор на музика за  бројни филмови, меѓу кои: Егзорцист“, „Сјаење“, „Внатрешна империја“, „Катин“…, а ја компонираше и музиката за Летните олимписки игри во Пекинг што се одржаа во 2008 година.

Публиката кај нас ќе го памети по величенствениот концерт со Македонската филхармонија, што се одржа во рамки на Полската вечер на Фестивалот „Охридско лето“ во 2013 година, кој беше прогласен за музички настан во Македонија таа година.

Фестивалот „Охридско лето“ изрзи жалење за смртта на големиот композитор.

Славниот Пендерецки е еден од најголемите уметници кои настапиле на фестивалската сцена на Охридско лето. Легенда која ќе остане запишана во фестивалската историја на најславните уметници со кои Охридско лето го изгради својот голем успех. – велат од фестивалската управа.

OhridNews