Еден од најценетите гитаристи во светот, Гери Мур, почина во 58-та година од животот за време на одмор во Шпанија.

Менаџерот на неговата поранешна група “Thin Lizzy”, за медиумите изјави дека славниот музичар бил пронајден мртов во хотелска соба во саботата наутро. Причините за смртта не се познати, а телото на починатиот е предадено на обдукција во Малага.

Гери Мур е роден во Белфаст. Покрај настапот во групата “Thin Lizzy”, имаше успешна соло кариера, оствари соработка и со голем број музички ѕвезди, а зад себе остави 20 албуми.

OhridNews