Саша Поповиќ почина денеска на 70-годишна возраст по кратко и тешко боледување, соопшти вечерва „Гранд продукција“. Во изминатите неколку месеци тој се лекуваше од рак во реномирана клиника во Париз.
Со неискажлива тага ја информираме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција.
Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.
Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.
Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создаде. Наследството што го остави зад себе е немерливо и го одбележа времето во кое живееше, стои во соопштението на „Гранд продукција“.
OhridNews