Робин Гиб, пејачот на легендарниот британски состав Би Џис почина во недела на 63 години по долга и тешка болест, соопшти неговото семејство.
Робин заедно со својот брат близнак Морис и постариот брат Бери ја основаа групата Би Џис, која стекна светска слава со хитовите од 1970-те години.
Браќата Гиб ги потпишаа сите големи хитови на групата, меѓу кои и нумерите “How Deep Is Your Love”, “Stayin’ Alive” и “Night Fever” коишто веднаш го достигнаа првото место на топ-листите во САД и многу земји ширум светот.
Робин долго време боледувал од рак на дебелото црево и црниот дроб, а подоцна добил и воспаление на белите дробови.
извор: „Макфакс“