Aктерот Ричард Чембрлен, почина на 90 години од последици од мозочен удар, пренсува Variety.

Чембрлен ќе остане запаметен како еден од најзначајните актери на неговата генерација, особено во светот на телевизиската драма. Неговата способност да отелотворува сложени, романтични и трагични ликови остави силен впечаток кај публиката ширум светот.

Роден како Џорџ Ричард Чембрлен на 31 март 1934 година во Беверли Хилс, Калифорнија, беше американски актер и пејач, најпознат по неговите телевизиски улоги во 1960-тите и 1980-тите, што му донесе статус на меѓународна ѕвезда и секс симбол.

Чембрлен стана познат во 1961 година со улогата на доктор Џејмс Килдер во истоимената медицинска серија „Д-р Килдер“. Серијата стана огромен хит. Актерот стана тинејџерски идол, а неговата популарност беше придружена со музичка кариера. Тој објави неколку албуми и синглови, вклучувајќи го и хитот Three Stars Will Shine Tonight.

Неговите најпознати улоги беа во ТВ мини сериите во 1980-тите: Шогун (1980), каде што играше британски морнар во феудална Јапонија The Thorn Birds (1983), во која тој го играше свештеникот Ралф де Брикасарт – улога која му донесе Златен глобус и огромна популарност, како и  во првиот филм Борновиот идентитет (Џејсон Борн) и бројни адаптации на книжевни класици. Играше и во филмовите Љубителите на музиката (1971), Тројцата мускетари (1973), Четворицата мускетари (1974) како и во блокбастерот The Towering Inferno (1974) и во авантуристичките филмови Грофот од Монте Кристо (1975) и Човекот со железната маска (1977).

Имаше таинствен приватен живот поради тогашните општествени норми. Дури во 2003 година, во својата автобиографија Shattered Love, тој јавно призна дека е хомосексуалец и ја откри својата долгогодишна врска со продуцентот Мартин Рабет.

OhridNews