Ѕвездата на култната хумористична серија „Ало, Ало“, британскиот актер Гордон Кеј, почина во 76-та година од животот.
Кеј, како што соопшти неговиот поранешен агент, починал во Дом за стари лица рано утрово.
Гордон Кеј ја толкуваше улогата на сопственикот на кафулето „Рене“ во серијата „Ало, Ало“, Рене Артоа, кој против своја волја беше лидер на отпорот во малиот француски град Нувион во време на нацистичката окупација на земјата. Покрај справувањето со окупаторот Рене ги решаваше и љубовните проблеми на неговите келнерки. Серијата се емитуваше десет години od 1982 do 1992 година и доживеа планетарн успех.
Кеј глумеше и во театарската верзија на серијата.
Последен филмски ангажман на Гордон Кеј беше во 2004 година во серијата на BBC „Револвер“, а во 2007 година повторно го глумеше Рене Артоа во тепевизиска адаптација на култната серија.
OhridNews