Реј Манзарек, клавијатуристот и еден
од основачите на легендарната група Дорс, починал во понеделникот,
објави менаџерот Том Виторино, пренесува „Макфакс“.

Тој рекол дека Манзарек починал на 74-годишна возраст во градот Росенхајм во Германија, од рак на жолчката.

„Ме погоди веста за смртта на мојот пријател Реј Манзарек. Горд сум што
во последната деценија заедно свиревме многу од песните на Дорс. Реј
претставуваше голем дел од мојот живот е секогаш ќе ми недостига“, рекол
гитаристот на легендарната група Роби Кригер.

Рејмонд Даниел Манзарек е роден во Чикаго во 1939 година, тој и Џим
Морисон ја основале групата Дорс во 1965 година во Лос Анѓелес. Покрај
Мазарек и Морисон во групата беа и Роби Кригер и тапанарот Џон Денсмор.

OhridNews