Во 47 година од животот, синоќа ненадејно почина ракометниот тренер Андон Бошковски. Информацијата ја објави Ракометната федерација на Македонија – РФМ, која изрази сочувство до семејството.

Со длабока тага и неверување Ве информираме дека ненадејно почина Андон Бошковски – Доне.

Сочувство до семејството, нека почива во мир. – стои во објавата на РФМ.

Бошковски како играч настапувал за Работнички и за кадетската репрезентација на Македонија. Играчката кариера ја завршува млад поради повреда на раката. Како тренер ги водеше екипите на Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш. Од 20008 до 2013 беше дел  од стручниот штаб на сениорската репресентација.

Последниот тренерски ангажман го имаше на Косово.

OhridNews