Најдобриот стрелец на Светското фудбалско првенство 1958,Французинот Жист Фонтен, почина денеска на 89-годишна возраст, објави неговото семејство.

Фонтен на шесте натпревари кои ги одигра на СП 1958 во Шведска постигна дури 13 голови што се уште е рекорден број погодоци за еден играч на едно СП, а со тоа остварување беше и рекордер според бројот на постигнати голови на мундијалите додека на вечната листа не беше надминат во 1974 година од Германецот Герд Милер, кој на две СП (1970 и 1974) постигна вкупно 14 голови.

Роден во Марекеш, во тогашно Француско Мароко, Фонтен за Франција постигна 30 голови на 21 натпревари, а на клупски план настапуваше за УСМ Казабланка, Ница и Ремс.

По завршување на фудбалската кариера беше селектор на Франција и Мароко, а ги предводеше од клупата и ПСЖ и Тулуз.

OhridNews