Познатиот македонски виолинист, вокален изведувач и професор Зоран Џорлев (54) почина денеска како последица на Ковид-19.

 

Џорлев се сметаше за еден од најдобрите македонски виолинисти. Беше композитор и изведувач на народна музика. Ќе остане запаметен по бројните музички проекти, обработки и изведби на македонски народни и забавни песни.

Веста за неговата смрт ја објави на Фејсбук неговиот внук Огнен Здравковски.

OhridNews
Фото: МИА