Легендарниот британски печај Џо Кокер (Joe Cocker), почина во 70-та година во животот, јави Би Би Си. Неговиот агент соопшти дека Џо Кокер почина по долга битка со ракот.

Светот ќе го памти по бројните хитови како “Unchained My Heart”, „You can leave your hat on, “You Are So Beautiful”…. Песната “Up Where We Belong”, дует со Јennifer Warnes од филмот „Офицер и Џентлмен“ му ја донесе престижната музичка награда „Греми“ и Оскар, а во 2007 година беше прогласен на витез. Неговата блескава кариера, која ја започна со настапи по пабови и клубови во родниот Шефилд, траеше повеќе од 40 години. Издаде 40 албуми, а славата ја стекна уште во 60-те години од минатиот век.

Беше активен до крајот на животот, а годинава беше на светска турнеја, во рамки на која одржа концерт и во Македонија. Последниот концерт го одржа во Лондон.

OhridNews