По тешко боледување, во 67 година од животот, во Белград, Србија, почина Марина Туцаковиќ, една од најпознатите музички текстописци во регионот, јавува беградски „Блиц“.

Марина Туцаковиќ

Таа ги има напишано некои од најпознатите рефрени на најголемите ѕвезди на музичката сцена на проторот на поранешна Југославија, меѓу кои Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Индира Радиќ, Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас и многу други.

Марина и нејзиниот сопруг Александар имаа два сина Милан и Милош кој ненадејно почина во 2008 година.

На почетокот на 2018 година на Марина и беше дијагностициран рак на дојка, по што беше оперирана, а три години подоцна ја загуби тешката битка со болеста.

OhridNews
Фото: YouTube