Познатиот физичар Стивен Хокинг почина во 76 -та година од животот како последица од компликации на амитрофична латерална склероза. Хокинг починал утрово во неговиот дом во Кембриџ, објави неговото семејство.
Хокинг се смета за еден од најдобрите теоретски физичира и космолози во историјата на човештвото, а негова специјалност беа црните дупки. Неговата теза дека црните дупки емитираат радијација, сега е позната како Хокингова радијација или Хоконгово зрачење. Тој одигра клучна улога за математичко унифицирање на Ајншановата торија за релативност во полето на квантната физика. Автор е на многу научни книги со милионски тираж.
Хокинг беше светски познат и исклучително влијателен и во други области од животот. Често гостуваше во телевизиски емисии, а има остварено и неколку помали филсмки улоги.
Познатиот физичар беше еден од најголемите критичари на брзиот развој на вештачката интелигенција, предупредувајќи на можните последици за човештвото. Исто така така тој имаше смели тези околу програмите за истражување на вонземски живот, укажувајќи на можноста дека човечката љуботнист може да доведе до уништување на планиетата доколку се оствари контакт со понапредни видови.
„Јас верувам дека животот на Земјата е во голема опасност да биде истребен од ненадејна нуклеарна војна, мутиран вирус или залутан астероид. Мислам дека човекот ќе нема иднина доколку не продолжи да се развива во вселената. Затоа сакам да поттикнам што поголем интерес за науката.“ е една од најпознатите мисли на Стивен Хокинг.
Инспиративниот живот на Стивен Хокинг во 2014 година беше преточен во филомот “The Theory of Everything”, посветен на неговата прва сопруга Џејн Вајлд.
Во 1963 година на Хокинг му е дијагностицирана амитрофична латерална склероза која го врза за количка, а зборуваше преку специјален апарат. Речиси 80 проценти од луѓето со таква дијагноза умираат во период од пет години. Докторите му предвидоа живот од две години. Тој живееше децении повеќе, можеби најмногу од било кој пациент со таква дијагноза во историјата на медицината, остварувајќи исклучително значајни научни достигнувања за човештвото.
Г.М.