Актерот Маринко Маџгаљ почина денеска по кратко боледување од тешка болест во 37. година од животот, објавија српските медиуми.

Тој е роден 1978 година во Белград, но растел во Котор. Популарноста ја стекна во телевизиската серија „Црни Груја“, како и во групата „Фламингоси“ во која пееше заедно со Огњен Амиџиќ. Се испроба и како водител, а Молиер на почетокот од кариерата му донесе голема популарност.

Беше оженет со актерката Дубравка Мијатовиќ со која има ќерка.

Последната песна ја сними пред една година токму во Скопје и е посветена на сопругата на Огњен која е Македонка.

OhridNews