Според првичните неофицијални информации, актерката починала од предозирање со дрога.
Соња Савиќ со своите улоги ја одбележи српската но и југословенската кинематографија. Глумеше во познатите филмови „Шеќерна водичка“, „Животот е убав“, „Давител против давител“, „Ние не сме ангели“, а и во пзнатата телевизиска серија „Ќе се вратат штрковите“.
Во последните десетина години Соња Савиќ повремено се повлекуваше од јавноста и се посветуваше на алтернативната уметност во подрачјето на експерименталниот филм, театар и музика.