На 75 годишна возраст по кратко боледување почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија, доајен на театарската уметност и една од најпознатите актерки од Македонија. Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери. Ајрула-Тозија беше препознатлива по нејзиниот огромен талент и улоги кои оставија траен белег во нашето театарско небо. Беше незаборавен лик од македонската театарска и филмска сцена.
Родена глумица со раскошен повеќедецениски репертоар на сцената и на филмот. Од Фатиме до Вера, до грандиозните турски продукции. Сабина, дама и пријател. Ретка ѕвезда на нашите простори, објави министерката за култура Ирена Стефоска.
Во последните неколку години беше дел од малите ТВ-екрани. Играше во ТВ-сериите „Фамилијата Марковски“, „Сулејман Величествениот“, „Зоки Поки“.
OhridNews