Ѕвездата на светската кинематографија, славната шведска актерка Анита Екберг којашто се стекна со светска слава со улогата во филмот „Сладок живот“ на Федерико Фелини, почина денес во Рим во 84-та година до животот. Според италјанските медиуми , Анита Екберг починала во клиниката „Рока ди Папа“ во близина на Рим каде што била хоспитализирана.

Екберг е родена на 29-ти септември 1931 година , во шведскиот град Малме, како шесто од осумте деца во семејството. Станала Мис на Шведска во 1950 година, а во САД се натпреваруваше за круната Мис Универзум. Ласкавата титула не ја освоила, меѓутоа славниот Џон Вејн и’ ја понудил првата улога на филм.

По пет години снимање во Холивуд го добила првиот Златен глобус во 1955 година за најдобра женска улога во филмот „Крвав премин“ („Холивуд или смрт“), а веќе следната 1956-та ја добива важната ролја на Елена Курагина во познатата адаптација на Кинг Видор „Војна и мир“.
Сепак, во историјата на светската кинематографија Екберг не влегува по холивудските ролји, туку како плод на нејзината работа на Апенинскиот полуостров, каде што работеше со најпознатите италијански режисери, како Дино Ризи, Виторио Де Сика и Алберто Сорди.

Несомнено, пресвртница во нејзиниот живот претставува улогата во филмот на Федедрико Фелини „Сладок живот“ од 1960 година, во која толкуваше лик на каприциозна суперѕвезда. По незаборавната сцена со Марчело Мастројани на капење во црн долго фустан во знаменитата римска „Фонтана ди Треви“, актерката станува секс симбол на епохата. Подоцна Фелини ја ангажира за неговите филмови „Бокачо -70“, „Кловнови“ и „Интервју“.

Во втората половина на 1960-те, Екберг трајно се преселува во Италија. Продолжува да се појавува во помали улоги до 1998 година, кога играше во последниот свој филм „Црвениот гном“. Во 2002 година, Анита Екберг учествуваше и во снимањето на една од најпопуларните италијански телевизиски серии.

Последните години актерката ги мина во гратчето Џенцано, во близина на Рим.

OhridNews

извор Макфакс