На 59-годишна возраст синоќа почина поранешниот заменик-министер за образование и пратеник од редовите на СДСМ, професор Тале Герамитчиоски. Дел од медиумите пренесуваат дека Герамитчиоски починал како последица од комликации од Ковид 19.
Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него, напиша министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил соопштувајќи ја веста за смртта на Герамитчиоски.
Функцијата заменик-министер за образование, Герамитчиоски ја извршуваше од периодот 2002-2006 година, а од 2006 до 2008 година беше дел од законодавниот дом. Тој беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.
OhridNews