Поранешниот претседател на Словенија, Јанез Дрновшек, почина ноќеска во 58-та година од животот по долго и тешко боледување, јави словенечката новинска агенција СТА.
Дрновшек од  1999 година боледувашпе од рак на бубрегот, а по неколку годишна борба со болеста во 2006 година одби да се кандидира за нов претседателски мандат и се повлече од политиката.

Јанез Дрновшек е роден во 1950 година во Целје. Во 1986 година дипломирал на Економскиот факултет во Целје, а на Економскиот факултет во Љубљана се стекна со звање доктор на науки. На политичката сцена се појави во 1989 година кога на една година го презеде претседателското место на СФРЈ.

Во 1992 година избран е за претседател на Либерално демократската партија -ЛДС, а истата година стана и словенечки премиер. На таа функција се задржа до 2002 година, по што истата година  подоцна е избран за претседател на Словенија.

Иако Дрновшек малку зборуваше за приватниот живот, во јавноста беше објавено дека има незаконска ќерка, 24- годишната композиторка Нана Форте, а од краткиот брак со Мајда Дрновшек има син Јаша.

ohridnews
фото: AFP