Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санц почина во 76-та година од животот, како последица од заразувањето со коронавирусот (Ковид -19).
Лоренцо Санц на 17 март бил примен со треска кои се симптоми на коронавирусот. Еден ден подоцна, неговата состојба се влошила. Во следните денови, докторите направиле се што е во нивна моќ, но поранешниот предводник не издржал и починал, пренесува шпанска „Марка“.
Со Лоренцо Санц на чело, „кралевите“ го наговестија враќањето на големата сцена во европскиот фудбал. „Лос бланкос“ освоија две титули во Лигата на Шампиони. До првиот трофеј стигнаа со триумфот над Јувентус во финалето во Амстердам (1997/98) додека до вториот дојдоа со победата над Валенсија (1999/2000) во шпанското финале во Милано.
OhridNews