Во 62. година од животот денеска во Кочани почина поранешниот пратеник Миле Андонов.
Дел од медиумите пренесоа дека Андонов починал при пад од викендичка на Осогово.
Во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, Андонов беше дел од пратеничката група на СДСМ, членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а се наоѓаше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет. Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија.
Како дипломиран економист, Андонов повеќе години водеше приватен бизнис во областа на текстилството.
OhridNews
Фото: МИА