Светскиот фудбал е потресен од новата човечка загуба, откако денеска, на 73-годишна возраст почина Французинот Жерар Улие. Во 2020 година од фудбалот заминаа големи фудбалски имиња како Диего Армандо Марадона и Паоло Роси.

Улие имаше повеќе тренерски ангажмани во кариерата, но најголем печат остави на „Енфилд“, предводејќи го Ливерпул шест сезони (1998-2004). Во шестогодишниот престој на „Енфилд“, Ливерпул освои шест титули. Сезона за паметење беше 2000/1 кога „црвените“ успеаја да освојат пет титули, триумфирајќи во ФА Купот, англискиот Лига куп, Супер купот на Англија, Купот на УЕФА и Супер купот на Европа. Заштитен знак на Улие беше вербата во младите играчи. Тој им даде прилика на Мајкл Овен и Стивен Џерард, кои подоцна направија големи кариери.

Улие во тренерската кариера беше и селектор на Франција, а тренерската авантура ја заврши во Астон Вила во 2011 година.

Французинот почина како последица од тешка болест со која се бореше последниве години. Улие беше и опериран, но не успеа да се извлече и почина.

OhridNews