Генералот на војската на поранешна Југославија Вељко Кадијевиќ, кој од 1988 до 1992 година беше и сојузен министер за одбранa, почина денеска во Москва, јавуваат српските медиуми.
Кадијевиќ од 2001 година живееше во Русија. Во 2008 година доби руско државјанство со указ на тогашниот претседател Дмитри Медведев. Тогаш Хрватска бараше негова екстрадиција под обвинение за воени злосторства.
Кадијевиќ беше на чело на ЈНА во 1991 година кога се водеа воените операции во Вуковар и Дубровник. Барањето за негова екстрадиција беше одбиено.
OhridNews